Живот и Стил

Грешка која ја правиме во обид да се справиме со секојдневниот стрес

Грешка која ја правиме во обид да се справиме со секојдневниот стрес

Колку пати досега сте слушнале од повозрасните „Јас на твои години не знаев што е главоболка“ или некои слични коментари? Денес стресот е значително позастапен во нашето секојдневие, а за да се справиме со истиот постојат неколку нешта кои мораме да ги примениме.

Едно од тие нешта на кое ќе се фокусираме е лошиот избор на храна и како таа влијае во поглед на стресот.

Колку сме позафатени и под поголем стрес, толку сме поизложени на тоа да правиме грешки при изборот на храна, што всушност може и да резултира со зголемување на стресот и да предизвика и други проблеми. Се што внесуваме во нашето тело игра огромна улога и е еден од пресудните фактори кои го одредуваат квалитетот на нашиот живот. Намалена енергија, намалено ниво на продуктивност, намален имунитет и појава на здравствени проблеми, несоница, промени во расположението се дел од последиците од лошата исхрана. Во прилог, неколку начини со кои можете да ја направите позитивната промена:

Не прескокнувајте го појадокот
Немате доволно време, се уште не сте гладни или ручекот набрзо ќе дојде па не мора да појадувате? Појадокот е оној оброк кој игра најголема улога кај регулација на нивото на шеќер во крвта и вашата ефективност. Тврдо варено јајце, зеленчук или протеинско барче или шејк е сосема доволо за да го започнете денот.

Зелен чај
Доколку сте зависници од кафе, можеби и не сте свесни за ефектот на кафето врз организмот. Кафето придонесува за зголемување на нивото на стрес бидејќи кофеинот го раздразнува нервниот систем. Наместо кафе, консумирајте безкофеински зелен чај кој изобилува со антиоксиданси.

Шеќерите не се ваш најдобар пријател
Направете баланс во вашите оброци. Внесувајте повеќе протеински производи и зеленчук. Намалете го внесот на шеќери, особено оние преработени шеќери кои воопшто не го потхрануваат телото, напротив.

Здрави грицки
Кога ќе ви се јави желба за некои грицки, не посегнувајте по солени чипсови и слични продукти. Имено, новите технологии кои се применуваат во производтвото на храна ни сега ни нудат чипсови и разни грицки кои всушност само доаѓаат во таа форма, а во својот состав содржат потполно хранливи вредности.

Ако не ги купувате, нема да ги јадете
Доколку не го полните фрижидерот со намирници за кои знаете дека не се добри за вас, истите и нема да ги консумирате. Ова е првиот и најважниот чекор кон менување на лошите навики во исхраната и воведување на нови, добри навики. На тој начин нема да паднете во искушение да јадете лоша храна.

извор:точка.ком.мк

To top