Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски прослави 13 години брак со својата сопруга Мартина. Тој на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија за која во описот напиша колку е среќен за сите овие години со сопругата за безрезервна љубов и разбирање, а за целото тоа сакаше да обзнани јавно.
-Пред 13 години на овој ден, започна нашата приказна, чиј најголем и највозвишен плод е нашиот син Ведран. 13 години безрезервна поддршка, ветер во грб и мотив. 13 години безрезервна љубов и разбирање.Ти благодарам! Јас сум среќен човек. Нека ни е среќна годишнината!- пишува Ѓорѓиевски.
Уште кога беше кандидат за градоначалник, во своите интервјуа тој говореше дека неговата сопруга Мартина му е најголема поддршка за се’, и дека голем број од идеиte доаѓаат токму од неа, а таа истовремено се грижи за нивниот син и обврските околу домот.
фото:Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски