Живот и Стил

Говорот на очите: Како да го откриете изразот на лицата под заштитните маски?

Говорот на очите: Како да го откриете изразот на лицата под заштитните маски?

Заштитните маски станаа дел од нашето секојдневие, со цел да го спречиме ширењето на SARS-CoV-2. Но, со тоа се промени и начинот на комуницирање. Говорот на телото додека ги движиме устата, носот и образите ни го открива расположението на соговорникот и начинот на кој тој сака да комуницира со нас. Сега, тоа се сведува само на очите. Како да комуницираме со нив?

Нашите очи се развиени така што несвесно реагираат на сето тоа што го гледаме и доживуваме. Така, кога ќе видиме нешто што нè плаши очите природно се шират за да се зголеми видното поле. Слично реагираме и на изненадување, со широко отворени очи и споени веѓи. Ако вашиот соговорник постојано трепка значи дека чувствува некаква непријатност, а ако силно ги стисне очите значи дека се работи за некакви гадење.

Ако за првпат се запознавате со некого, а носите маски, неговите очи ќе ви ги откријат намерите. Кренати веѓи кај маж може да значат дека женската личност му е привлечна, но може да значат и љубезни намери.

Искрена насмевка секогаш ќе забележите по аглите на очите, благодарение на тенките брчки кои се појавуваат како последица на кревање на образите.

Сите тие несвесни реакции на чувствата се откриваат во очите и тешко е да се сокријат и невозможно да се одглумат.

извор: кајгана

To top