ТВ водителката Билјана Дебарлиева прими многу честитки со убава мисла по повод нејзиниот голем ден – роденден и тоа јубилеен.
Веројатно веднаш ќе почнете да се прашувате колку ли години наполнила Дебарлиева, но нема простор за дилема и нагодувања, бидејќи таа гордо покажа дека дошла на прагот од шестата деценија.
Билјана го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, а за таа прилика ги собра своите најсакани, семејството и мал круг на пријатели во еден скопски ресторан.
Славеничката не остана без торта и тоа на два ката во нежна нијанса и декорирана со еден голем цвет во боја каков беше нејзниниот стајлинг.
Насмеани и весели, кренаа каша за здравица во име на животот, за здравје, среќа и уште многу убави искуства за кои повторно ќе се соберат и ќе раскажуваат.
Среќна 50-ка Биле!
фото:Инстаграм принтскрин/Билјана Дебарлиева