Радио Милева

Горд сопруг и татко низ родното Крушево: Маријан Стојаноски на прва прошетка во проширен состав со новородената ќеркичка (фото)

Горд сопруг и татко низ родното Крушево: Маријан Стојаноски на прва прошетка во проширен состав со новородената ќеркичка (фото)
фото:маријан стојаноски/фејсбук

Пејачот Маријан Стојаноски кон средината на изминатиот месец јули стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата тазе венчана сопруга Наташа.

Сега кога навршија 40 дена од раѓањето на бененцето кое го доби името Вероника, тато Маријан заедно со наследничките, правец во родното Крушево.

фото:маријан стојаноски/фејсбук

Таму во природа излегоа на прошетка, па тато Маријан го овековечи овој момент со неколку фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

-Животот е поубав со неа, пишува  во описот дополнето со три симболи од срциња.

фото:маријан стојаноски/фејсбук

За потсетување, Маријан и Наташа официјално стапија во граѓански брак кон крајот на месец јуни, непосредно пред породувањето, додека свршувачката се случи претходната година.

Останати вести од Радио Милева