Илјадници мажи учествуваа во годишниот „Гол фестивал“ на островот Хоншу во Јапонија.
Овој фестивал кој Јапонците го нарекуваат „Хадака Мацури“ се одржува во храмот Саидаји Канонин во близина на Окајама. Фестивалот ја слави „свеченоста на обилната жетва, просперитет и плодност“.
Околу 10 илјади мажи учествуваат на фестивалот носејќи „минимална“ облека, трчаат околу храмот и се прочистуваат во студената вода. Потоа сите влегуваат во храмот и се обидуваат да фатат две „среќни стапчиња“ од многуте гранки кои ги фрла свештеникот.
Учесниците на фестивалот се обидуваат да ги фатат среќните стапчиња затоа што се верува дека тој што ќе ги фати ќе го следи среќа во текот на целата година.
Сето ова трае околу 30-тина минути, а учесниците неретко завршуваат со помали посекотини и модринки. Секоја година овој фестивал привлекува голем број на посетители од Јапонија, но и од други земји.
извор:точка.ком.мк