Пејачката Драгана Мирковиќ, денеска полни 55 години.
Покрај блескавата кариера и бројните хитови, нејзиниот животен успех е во тоа што луѓето ја сакаат, има најверна публика и обожаватели.
Иако има успешна кариера, Мирковиќ најмногу се гордее со семејството, сопругот Тони Бијелиќ со кој е во брак 24 години и со синот и ќерката.
Колку хармонија и љубов владее во нивниот дом пејачката покажа и на Инстаграм, каде ги сподели нивните честитки.
„Среќен роденден љубов“, напиша Тони, а Драгана одговори: „Ти благодарам љубов“.
Потоа ја споделилаи честитка од синот Марко кој и рекол дека е најдобрата мајка на светот.
„Среќен роденден на најдобрата мама на светот“, ѝ рекол Марко, а Мирковиќ не можела да остане рамнодушна.
„Благодарам на мојот најдобар син на светот“, му одговори таа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм