Откако од Шведска заедно со семејството се врати да живее во Македонија, фолк пејачката Сузана Гавазова под полна пареа работи на својата музичка кариера.
Новите песни, разбирливо се зачинети со провокација, но за пејачката не е доволна, а апетитите на фановите, особено од посилниот пол, никогаш не се смируваат.
Иако често ја гледаме во разголено издание, секое следно од Сузе е нов празник за очи, независно дали е на сцена, во теретана, домашен амбинет…
Овој пат, ги „почести“ следбениците на Инстаграм со фотографија на која е по гаќички легната на софата. Згодна, разголена, пожелна, Гавазова со фотографијата за пријатна ноќ само им го раскрши сонот на повеќето кои и оставија коментари дека е жешка како оган.
Инаку, таа неодамна објави две нови песни, „Џунгла“ и „Бум Бум“ кои одлично поминуваат кај публиката, а најави и нова соработка со раперот Марко Маринковиќ или попознат како Слаткаристика.