По шест години брак, пејачката Гога Секулиќ неодамна се разведе од сопругот Урош Домановиќ со кој го има синот Василије Андреј. Поради тоа пејачката го напуштила Цирих каде што живеела и со синот се вратила во Белград.
Гога по разводот имаше само пофални зборови за поранешниот сопруг, а го опиша како културен тип кој никогаш не и правел проблеми, а сега откри во каква врска се и во моментов.
„Не е за верување но навистина ништо не се смени, откако сме физички раздвоени последните година и пол. Урош е во Цирих, јас и син ми сме тука, имам работа тука, но и да не бидам, секогаш сѐ би жртвувала за доброто на детето, работа и љубовта “ – признала Гога.
На прашањето дали и е тешко да се прилагоди на новиот начин на живот, Секулиќ одговорила:
„Навикната сум да го поминувам животот сама, секако со поддршка од семејството и сестрата, но не е лесно кога си сам со дете. Станувам во 6 часот, го подготвувам за во градинка, одам да пазарувам, го носам кај логопед, одам да вежбам, но добро, сето тоа се слатки маки“ – вели пејачката.
Со оглед на тоа што пред бракот важеше за една од најфаталните девојки во градот, многумина се радуваа кога стигна информацијата дека Гога повторно е соло. Но, таа се уште не размислува за нови додворувачи и нова љубов.
„Немам нитолку многу додворувачи, но можеби тоа е затоа што не се движам низ градот. Сега немам ни време за тоа“ – заклучила таа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sekulicgoga