Пејачката Гога Секулиќ покрај себе има помлад сопруг, атлетичарот Урош Домановиќ, со кого има и син, па ја коментираше врската помеѓу нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ, за која се пишува скоро секој ден.
Урош е 15 години помлад од Гога, а Богдан е 9 години помлад од Цеца. Како што вели Гога, возраста воопшто не е важна за љубовта.
View this post on Instagram
“Жената има право да биде среќна и да сака, како и секој друг. Навистина ми е драго! Годините не се важни, па кој уште ги гледа? Важно е да се сакаат и да уживаат едни со други”, рече пејачката, и коментираше како таа и Урош се согласуваат.
“Порано бев љубоморна, а последните години не. Мојот сопруг е убаво и згодно момче, па ми се допаѓа кога други жени го коментираат. Ни тој не е љубоморен. Луѓето кои се сигурни во себе не им треба тоа “, рече Гога. Додаде дека тие двајцата не се разликуваат од другите парови и дека ретко се караат.