Радио Милева

Гога Секулиќ сцената ја замени со кујната: Пејачката ги покажа своите кулинарски способности (фото)

Гога Секулиќ сцената ја замени со кујната: Пејачката ги покажа своите кулинарски способности (фото)

Пејачката Гога Секулиќ на Инстаграм сподели видео од семејниот дом и ги воодушеви сите фанови.

Имено, пејачката се снимила како му ги прави познати уштипци на својот син и со тоа покажа дека е и вешт готвач.

Иако често е отсутна поради работа, Гога нема помош во домашните работи, што не и претставува проблем.

Фолкерката ги воодушеви обожавателите поради тоа што ретко која позната личност сака да се пофали со подготовка на јадење, бидејќи на своите профили најчесто споделуваат слики од храна од скапи ресторани.

Да потсетиме, Секулиќ неодамна за медиумите проговори за проблемот што го има нејзиниот син.

– Моето дете доцни со зборување и сега одиме кај логопед. Како и сите машки деца навикнат е „тој со око, мама со скок“, но секако не е само тоа. Конкретни промени видов кога имаше неполни две години. Решив да се вратам во Белград и да побарам помош од нашите стручњаци. Тоа е голема болка, голема борба… Има многу такви случаи, децата да се здрави, но да доцнат со зборување. Ми објаснија дека има различни мутации, а тоа не е аутизам како што обично реагираат на прва. Бевме внимателни. Нема потреба од паника, само треба да се потрудите да ја средите и подобрите ситуацијата – истакна таа во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Фото: printskrin/instagram/sekulicgoga

 

Останати вести од Радио Милева