Ќе ги почувствувате промените доколку барате пијалок кој ќе ја поддржи вашата исхрана, ви предлагаме комбинација од две состојки. Напитокот од ѓумбир и лимон, кој брзо и лесно се прави, е одличен избор за детоксикација, чистење на телото од токсини. Покрај тоа што го поттикнува метаболизмот, овој чудотворен пијалок делува магично и за диетите, со што го уфрла вашето слабеење во петта брзина.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Освен тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето. Лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото.
Состојки:
300 мл вода на собна температура
исцеден сок од половина лимон
малку корен од ѓумбир
Подготовка:
Овој чудотворен напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите телото од наталожените токсини. По желба можете да го засладите со малку мед.