Пејачката Ана Бекута имала само 17 години кога го родила синот Игор. Бидејќи била во вонбрачна врска, околината ја осудила, а татко и и мајка и доживеале голем срам поради целата ситуација. Била принудена да се одвои од бебето и да го остави во дом за незгрижени деца.
На Ана во тој момент и било жал за родителите кои се нашле на столбот на срамот бидејќи верувала дека тие не се виновни за ништо. Иницијатор за нејзината одлука да почне да се занимава со музика е раѓањето на нејзиниот син.
– Игор го сместивме во дом. Едно големо парче од моето срце беше откорнато тогаш и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за будала затоа што не го абортирав на време. Или да го скриев и оставев во некоја далечна болница. Секој викенд патував да го гушнам Игор, кој ми се насмевнуваше во креветот, непогрешливо препознавајќи ме. До следната сабота, неговиот прашкаст мирис во ноздрите и отпечатокот на неговите ситни усни на мојот врат ме одржуваа во живот. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и разумот ја вратија таа мала птица во јатото – изјави тогаш Ана за „Курир.рс“.
Бекута и Игор денес имаат прекрасна врска, а тој редовно ја придружува мајка си на настапи и концерти.
Да потсетиме, Ана го најави јубилејниот 20-ти албум со песната „Не ни даваат да остариме заедно“, кој ќе излезе на 27 ноември.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Бранислав Банџи