Неда Украден во текот на оваа година беше поактивна од многу помладите колешки, па накратко изјави каде патувала и што правела, нагласувајќи дека и во осмата деценија има многу сила. Наскоро ќе го прослави својот 72 роденден, па се повика на годините и енергијата што ја има.
– Ако ви кажам дека за пет месеци од оваа година еднаш ја обиколив земјината топка, посетив 24 земји, одржав десетици концерти низ Балканот, Америка и Канада, напишав книга, ќе сфатите дека оваа теорија за жените во одредени години не е точна. Или имаш енергија или немаш – заклучува пејачката, а потоа се наврати на тоа и кога најдобро живеела.
– Најдобриот квалитет на живот го почувствував после шеесет.
Таа е една од најобразованите пејачки и секогаш истакнува дека образованието е важен дел од нејзиното воспитување и живот.
Се подготвував за сосема поинаков живот, добар дел од младоста поминав на универзитети. Сметав дека моја должност, како единица е да бидам образована и вредна затоа што моите родители можеа да си го дозволат тоа. Како што би рекол татко ми: “Музиката е нешто за попладне, но што навистина ќе работиш?” – изјави Неда за медиумите.