Живееме во дигитално време кога фотографиите во електронска форма ни станаа секојдневие, додека оние „хард копи“ веријанта останаа само како сеќавање или реткост од некоја специјална фотосесија за посебна прилика.
Сепек, старите фотографии кога ги разгледуваме фото- албумите будат посебни емоции и спомени од некое време. Една таква ретро црно –бела фотографија од архива извади нашиот познат фолк пејач. Споменот од своето семејство во далечната 1967 година го објави на Фејсбук профилот пишувајќи го описот:
-1967 година. Јас и сестра ми малечки, а нашите родители млади.
Можеби веќе погодувате дека станува збор за фолк легендата Наум Петрески кој на фотографијата е едногодишно детенце во рацете на мајка си, додека кај неговиот татко е неговата сестра Билјана.
Детството и дел од возрасните години Наум живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.
Тој по Манчески, Сариески и Бадев е златното македонско грло. Од 1990 „Има ли песна“кариерата му фаќа нагорна линија, со многу албуми и хитови, а до ден денес тој ја освоено многу фестивалски награди и бројни признанија за своите музички достигнувања.
Наум Петрески денес е горд татко и богат дедо на наследници кои можеби освен ќерката Анастасија го наследиле талентот на својот дедо со златно грло.
фото:Фејсбук/Наум Петрески