Најновата објава на официјалниот Инстаграм профил на брендот “Nike” привлече внимание помеѓу корисниците поради еден детаљ на фотографијата.
На фотографијата, нигериско-американската пејачка Annahstasia позира во спортски градник со подигната рака, а под пазувите ѝ се гледаат влакна, што веднаш покренало низа коментари на социјалните мрежи.
За кратко време, на објавата коментирале дури пет илјади луѓе, меѓу кои биле и оние кои музичарката ја нарекле “одвратна” поради потполно природниот изглед. Тие истакнале дека фотографијата ги “враќа во времето на пештерските луѓе” и дека влакната под пазуви се многу нехигиенски и “погрешни”.
View this post on Instagram
Она што изненадило многумина е фактот што поголемиот дел од женската публика пишувала негативни коментари на сметка на младата музичарка во кампањата на “Nike”.
“Ужасно. Не е слатко. Погрешно е. Постојат некои работи кои жените би можеле да ги прават, но ова навистина не е една од нив. Сфаќам дека е природно, но не е кул. Се обложувам дека сите кои зборуваат дека е природно и неверојатно, не би се осудиле да го напуштат домот со влакна било каде на друго место освен на главата”, напишала една корисничка.
Сепак, повеќето луѓе се сложиле дека влакнестите пазуви се потполно природна работа и дека во сето ова нема ништо лошо.
View this post on Instagram
“Зошто толкава омраза? Оваа фотографија е убава на многу различни начини. Би требало да ја почитувате самодовербата на моделот”, возвратила една од жените.
“Тоа што некоја има влакна не ја прави одвратна или помалку жена”, “Гледам дека многумина зборуваат дека ова мора да престане да се промовира и од тоа да се прави важна работа, но тоа не е суштината на сè. Поентата е во изборот и во тоа дека нема ништо лошо ако се одлучите да не се бричите”, заклучила друга жена.
извор:точка.ком.мк