Од тиква може да се подготват и слатки и солени јадења, може да се јаде жива, динстана, печена, пржена, а на организмот исклучително благотворно делува и свежо цедениот сок од тиква.
Овој моќен зеленчук е честа намирница на нашите трпези кога ќе дојде постуденото време.
Лековитите својства на тиквата се многубројни поради што во време на вируси и настинки особено се препорачува, а експертите велат дека е многу добро да се јаде три пати неделно.
Еве за што е добра тиквата:
Го зајакнува имунитетот
Тиквата е богата со витамин Б (една чаша тиква содржи 11 милиграми од овој витамин) кој што има важна улога во зголемувањето на отпорноста на организмот од инфекции. Исто така содржи и цинк, а оваа намирница е исклучително важна за здравјето на имуниот систем.
Го чува срцето
Редовната употреба на тиквата може да го намали лошото ниво на холестерол кој што директно влијае на работата на срцето. Освен тоа, тиквата има голема количина магнезиум која што го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од срцев удар.
Помага во слабеење
Варена или печена, или пак свеж сок од тиква, спаѓа во диетална храна која што се препорачува на гојазните луѓе, како и на дијабетичарите, луѓето со болки во желудникот и тенкото црево. Истражувањето покажало дека исхраната богата со хранливи растителни влакна од тиква го намалува апетитот.
Го намалува ризикот од канцер
Бета-каротенот со кој што тиквата изобилува, повеќекратно го штити организмот од многубројни штетни влијанија, а овој зеленчук изобилува и со други каротеноиди кои што го намалуваат ризикот од настанување тумор, вклучувајќи и рак на дојка, рак на белите дробови, грлото на матката.
извор: точка.мк