Цвеклото има неверојатно висока концентрација на нитрити, кои како што покажале повеќето истражувања го намалуваат крвниот притисок.
Неодамна спроведеното истражување во Лондон откри дека само една чаша сок од цвекло дневно драстично го намалува крвниот притисок.
Истражувањето спроведено во Мелбурн покажува дека притисокот се намалува само шест часа откако ќе испиете половина литар сок. Научниците заклучиле дека смртните случаи предизвикани од кардиоваскуларни болести значително би се намалиле ако луѓето почесто консумираат цвекло.
Истражувањата покажаа дека цвеклото ја зголемува и издржливоста, така што со консумацијата на цвекло може да го намалите напредувањето на деменцијата и растот на туморите – растот на туморите на простата и дојка дури за 12,5 проценти.
Исто така, нутриционистите го препорачуваат цвеклото и при дигестивните проблеми и истакнуваат дека е добро за црниот дроб бидејќи помага во процесот на процесуирање на токсините.