Хип – хоп артистот Тони Петковски или познат Тони Зен кога станува збор за неговата музичка кариера нема проблем да зборува пред камерите и да се пофали доколку има нешто ново на тоа поле.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, тој не сака јавно да се експонира и го чува само за себе.
Меѓутоа, кога сте јавна личност не толку може да се сокрие и да се сочуваат сите детали од приватноста.
Имено, Зен неодамна се оженил и добил син. Неговата избраничка односно сопруга се вика Валентина, а синчето Јасен кое има четири недели.
„Да, да, Тони е заљубен и женет човек и има дете“ изјави Тони за „Ексклузив“
Тој истакна не сака во јавност да се експонира со својот приватен живот.
Тони и Валентина неодамна станале родители на Јасен, а неговото раѓање го прославиле со најблиските пријатели во една скопска кафеана.
Што се однесува до неговата музичка кариера, Зен истакна дека снимил албиум кој треба да излезе во мај и на него се е отсвирено во живо.