Пејачката Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во брак од 2008 година.
Јеца нема проблем да открие детали од нејзиниот приватен живот, а така беше и сега кога прозбори за почетокот на љубовната врска со Тошиќ.
„Тој беше многу упорен. Прво згрешив со него, а потоа на „Гугл“ барав колку години има. Тој тогаш имаше 21 година и јас му реков: „Дечко мораш да ме ожениш и да ја оправдаш оваа срамота“. Шега на страна, имав среќа покрај себе да имам добар и квалитетен човек“ изјави Јелена.
Таа истакна дека Душко често знаел да и каже: „Јелена со тебе само проблеми“, а таа му одговарала: „Таква ме ожени, ќе беше досадно да беше различно“, вели пејачката.
Инаку, Јелена и Душко од бракот имаат две ќерки.