Живот и Стил

Гледањето во огледало веднаш после будење предизвикува стрес?

Гледањето во огледало веднаш после будење предизвикува стрес?

Експертите за уредување на ентериер наведуваат дека тoa исто така визуелно го зголемува просторот и позитивно делува на домаќинството, освен, како што тврдат, ако се наоѓа во спалната соба.

„Кога поставувате огледало, треба да ја земете предвид локацијата бидејќи доколку е неправилно сместено, тој предмет може негативно да влијае на енергијата во домаќинството“, советуваат оние кои се занимаваат со уредување на просторот.

Експертите исто така наведуваат и дека на ѕидовите на домот не треба да се ставаат скршени огледала, бидејќи тие можат да го пореметат мирот и билансот.

„Огледалата треба да се постават на темни места, за да се поткрене ново ниво на енергија и да ги осветли аглите. Добро е огледалото да го поставите блиску до излезот на станот, поради погледот на сопствената фигура“, истакнала дизајнерката Лаура Бенко за порталот „Spruce“.

Бенко објаснува дека, ако многу сакате да имате огледало во спалната соба, треба да го поставите на внатрешниот дел од плакарот или некаде во некој агол, каде нема директно да гледа во креветот.

„Погледот во огледало кога се будите може да предизвика стрес или, во иднина, непроспиени ноќи“, објаснила Бенко.

Експертите потсетуваат дека според античката кинеска филозофија feng shui, во спалната соба нема место за огледало и дека огледалата не смеат да бидат поставени кон креветот.

„Големи огледала не се препорачуваат во спална соба, бидејќи им носат енергија на водените елементи, а jak feng shui воден елемент во спалната соба може да создаде т.н. енергија на тага. Се смета дека така поставеното огледало ја искцрпува енергијата за време на спиењето и се верува дека ја пореметува интимата“, нагласува дизајнерката.

Во случај огледалото да е составен дел од плакарот, експертите советуваат да го покриете пред да си легнете да спиете.

извор: точка.мк

 

To top