Откако Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи, како што вели, поради објавта што ја сподели на Инстаграм , луѓето ги избраа своите страни. Додека некои се на продукциската страна, други ја бранат младата пејачка. Членот на жирито на популарното шоу, Ѓорѓе Давид, сега го пискажа својот став за ситуацијата.
– Постои правило на однесување за нас, како членови на жирито од страна на продукцијата, и за кандидатите што ќе се пријават. Тие ги потпишуваат документите веднаш на почетокот на натпреварот. Се што поттикнува насилство, физичка агресија врз кој било кандидат или член на жирито е казниво. Она што го стори е неприфатливо.
View this post on Instagram
– Тврдам дека сега ќе бидам уште пожесток во мојата критика, од инает, бидејќи мислам дека поради пандемијата, сите станаа душегрижици – рече Давид за „Курир.рс“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Вања Кнежевиќ (18) беше дисквалификувана од натпреварот затоа што, како што изјави, станува збор за „стори“ на Инстаграм. Вања воодушеви многумина со својот настап во претпоследното емитувано шоу, кога ги отпеа песните „Што те нема“ и „Битанга и принцеза“, но не им се допадна на сите нејзиниот настап, поради што наиде на остри коментари од некои членови на жирито . По емитувањето на шоуто, многумина решија да застанат на страната на младата пејачка, а таа доби пораки за поддршка и на нејзиниот Инстаграм профил и во коментарите под видеото на Јутјуб од претпоследната епизода од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а потоа за младата пејачка се донесе конечна одлука повеќе да не се натпреварува во овој формат, а пак Јелена Карлеуша се изјасни дека кривично ќе ја тужи Вања поради претрпениото од пораките со закани кон неа и нејзините деца.