Голема прашина се крена кога рекорот и членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид изјави дека повеќе би прифатил да оди на вечера со Цеца отколку со Карлеуша.
Поради оваа негова изјава, таа го блокирала на Инстаграм.
-Цеца и Јеца се како Роналдо и Меси. Карлеуша си замина и се појави Светлана, а таа е некој кој донесе поголема гледаност и тоа во поголем процент. Искрено, се грижевме дали ќе биде така. Што тоа покажува? Ако си мајстор, ако се следиш себе си и она што е твоја крвна група и твој идентитет, народот ти верува. Те сака или не те сака, но ти верува. Секој се менува, но важно е да не бидете досадни.
Каква е Цеца приватно, зад камери?
-Таа е сериозна лавица, веднаш ни го даде телефонскиот број и ни кажа дека ни стои на располагање 0 -24 ч ако ни треба за натпреварувачите, но и за што и да треба. Се приклучи во нашата група, воопшто нема проблем да праша или да побара нешто да и се објасни.
Порано зборуваше дека Цеца никогаш нема да биде „српска мајка“?
-Јас своите предрасуди ги избришав во „Ѕвездите на Гранд“, прво кога Јелена беше во прашање и кога сфатив каква лавица е таа. Ние имавме дупла сезона, сакале или не, ние се врзавме едни за други. Јас сум професионалец, на прашањето со кој повеќе сакам да одам на вечера, јас одговорив со Цеца и тука настана проблем. Цеца колку и да е голема ѕвезда, на неа и беше потребен црвен килим за да влезе во еден ваков циркус. Карлеуша секогаш ни фалеше, не беше во нашата Вибер група, не се јавуваше на телефон, постојано имаше некои ѕидови околу себе и поради тоа бевме на дистанца со неа.
Сакаш да кажеш дека Карлеуша не беше тимски играч?
-Не беше тимски играч, а за разлика од неа, јас бев, јас стоев за неа кога беше хаос во натпреварувањето. Таа тогаш ја отследи Марија, а ние знаевме да се слушнеме неколку пати на ден, ја подржував без разлика дали беше во право, а тогаш беше во право. Цеца веднаш влета во машината, даде се’ на изволете, таа е вистинска дама. Поради убавите зборови за Цеца, Јелена ме блокираше. Со тоа што ме блокираше покажа дека и е криво и е важно да биде во таа столица.
За потсетување, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ велејќи дека сака да се посвети на снимање и здавање на нејзиниот албум, а на нејзино место дојде Цеца Ражнатовиќ.
фото: З.К. Муња/ Д, Милошевиќ/Дамир Дервишагиќ/Ана Паунковиќ/ата имагес/Дадо Џилас/Драгана Удовичиќ/инстаграм/карлеуша стар/