Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ покрај самостојната кариера заедно со своите „Енерџи бенд“ се обидува полека да влезе и на балканскиот, односно регионалниот пазар на просторот на бившите ЈУ републики. Така тој заедно со „Енерџи бенд“ неодамна ја издаде песната „Тешко је у души“, а не мина многу време оттогаш, па еве го Ѓоко Јовиќ соло, со нова песна на српски јазик.
„Мила моја“ е нејзиниот наслов, чие видео заедно со песната премиерно беше претставено деновиве. Станува збор за авторско дело на популарниот пејач Пеѓа Меденица, чиј потпис стои на музиката и стиховите, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Енџи Мавриќ.
Јовиќ заедно со Ксенија ги отпеа и придружните вокали, а сето тоа визуелно го заокружи екипата на охридската „Ин продукција“.
Главните улоги во видеото им припаднаа на извесни Јоцо и Мартина, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.