Радио Милева

Ги закопале „воените секири“: Аца Лукас и Соња фатени заедно во Црна Гора!

Ги закопале „воените секири“: Аца Лукас и Соња фатени заедно во Црна Гора!

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведоа, иако не останаа во добри односи,  изгледа дека парот одлучил да стави крај на „непријателскиот однос“ поради нивната ќерка.

Имено, папараците на Блиц ги фотографирал  Аца и Соња во автомобил како заминуваат на ручек.

Според нивните блиски пријатели, пејачот и креаторката одлучиле да ги закопат „воените секири“.

„Се случи тоа што се случи и двајцата се свесни дека нема назад. Но, поради Викторија одлучија разликите да ги стават на страна. Иако немаа никаков контакт, полека почнаа да комуницираат преку мобилен телефон, па се договорија да одат на заеднички ручек, вели извор за „Блиц“.

фото: србијаданас

Соња и Викторија заедно се на одмор во Црна Гора, а се фотографирани како излегуваат од такси и влегуваат во автомобилот на Лукас и заедно заминале на ручек во Тиват.

„Кога се гледаат се однесуваат како ништо да не се случичло. Изгледаа како среќно семејство, а потоа уживаа во Тиват. Соња и Аца одлучија да ги остават разликите на страна поради ќерката која сака да поминува време со двата родители. И двајцата сфатија дека детето не треба да трпи поради нив, вели извор близок на Вуксановиќ.

фото: дамир дервишагиќ

фото: србијаданас

За потсетување, Соња во септември претходната година го пријави Аца за физичко насилство. Пејачот неодамна призна дека е виновен, па доби условна казна на десет месеци и забрана да и се приближува на Соња.

To top