Фолк пејачот Аца Лукас и неговата сопруга Соња за првпат се видени на исто место по распадот на бракот, а двојката заедно пристигнала од Виена во Белград.
Александар и Соња со месеци не комуницираа откако во медиумите испливаа информации дека Соња го изневерила со кошаркарот Марко Jариќ. Сепак, по неколкумесечни препукувања, очигледно решија да ги закопаат воените секири и тоа се поради заедничкото дете. Српските медиуми веднаш ги пречекаа на аеродромот и го прашаа Аца дали со Соња се повторно заедно?
-Ма не, таа беше во истиот авион, а јас со ќерката, изјавил Лукас, за подоцна да објасни во какви односи се сега со Соња.
-Не сме во љубов, туку нормално комуницираме поради детето, заклучува фолкерот кој заминал со својот автомобил видно расположен, а пак Соња заминала со такси, пишува српски Телеграф.