Живот и Стил

Ги убива клетките на ракот, ја подобрува крвната слика и го чисти црниот дроб: Една шака од ова овошје го лекува целото тело

Ги убива клетките на ракот, ја подобрува крвната слика и го чисти црниот дроб: Една шака од ова овошје го лекува целото тело

Поради своите нутритивни вредности и комплексни состојки, капините имаат одлично влијание врз здравјето на срцето, метаболизмот и го намалуваат ризикот од мозочен удар и дијабетес.

Многу се богати со витамини, минерали и влакна и поседуваат високи антиоксидативни и нутритивни вредности. Капините имаат низок процент на калории, јаглехидрати и масти, што ги сместува на самиот врв на здрави намирници кои се пожелни во секоја диета.

Кога станува збор за нивната лековитост, тие се моќен антиоксиданс и го намалуваат создавањето на лошиот холестерол. Освен тоа го зајакнуваат имунитетот, го крепат организмот, помагаат во зачувувањето на колагенот и ги прочистуваат цревата. Поради состојката наречена бетаин, сокот од диви капини ја поттикнува правилната работа на клетките на црниот дроб и го штити додека истовремено поволно влијае и на жолчното ќесе и ги чисти жолчните патишта.

Со внесувањето на капини во организмот, се намалува ризикот од разни болести на срцето. Галусната киселина во ова овошје е антивирусен антиоксиданс кој се користи за лекување на псоријаза и хемороиди. Ова овошје содржи и кумаринска киселина која го намалува ризикот од рак на желудник, а исто така содржи и антоцијанин кој оневозможува раст и ширење на канцерогените клетки и со тоа се одличен сојузник во борбата против ракот на кожата и ракот на белите дробови.

Капините се богати со танин кој го затегнува ткивото и ги стеснува крвните садови, па со самото тоа се делотворни и во зараснувањето на раните. Некогаш капините, во традиционалната медицина, се користеле како облоги за рани.

Вино од капини – најдобар лек за анемија
Виното од капини е богато со витамини и други минерали и има голема хранлива вредност. Тоа претставува ценет и докажан лек во борбата против анемијата.

Докторите препорачуваат консумирање на еден децилитар вино од капини дневно, половина час пред јадење. Освен железо, виното содржи витамин Ц, Б, фолна киселина и пектин кои ја подобруваат циркулацијата, ја забрзуваат работата на цревата, го регулираат крвниот притисок, го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат апетитот и ја подобруваат работата на метаболизмот.

извор: точка.мк

To top