Радио Милева На иста фреквенција

Ги поврзува иста работа: Душко Тошиќ не сака да коментира за разводот со Карлеуша, но за овој момент јавно се огласи (фото)

Ги поврзува иста работа: Душко Тошиќ не сака да коментира за разводот со Карлеуша, но за овој момент јавно се огласи (фото)

Откако Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ објавија дека ставиле крај на бракот, медиумите не престануваат да шпекулираат за причините за разводот, а се шпекулира и за помирување. По тој повод, екипата на „Курир.рс“ реши да стави крај на шпекулациите и стапи во контакт со адвокатот на Душко, Никола Премовиќ.

Адвокатот рече дека фудбалерот ги негира наводите дека повторно е со пејачката и дека преговорите за спогодбен развод се уште траат. Душко не се изјасни повеќе од тоа, ниту пак коментираше на социјалните мрежи. Фотографиите на Јелена одамна ги нема објавено, а и кога ја објавува на Инстаграм тоа го прави ретко и со некоја причина.

Така беше и овој пат. Додека јавноста бара одговор на прашањето дали во неговиот брак е се како што треба, Душко по којзнае кој пат изненадува. На неговиот Инстаграм се појави фотографија со ни помалку ни повеќе туку Мустафа Сандал.


– Погледнете на кого налетав – се пофали поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, голем навивач на Бешикташ од Истанбул, за кој Душко со години играше со голема љубов. Па така, двајцата ги поврзува тоа што се разделија од две познати пејачки.

фото:Инстаграм

To top