Чајот од босилек се користи за ублажување на инфекциите и воспалителните процеси во организмот.
Оваа зелена билка содржи камфор, минерални соли, растителни влакна, етерични масла и многу друго. Освен тоа, изобилува со витамините А, К, Ц и Б6, а од минерали содржи магнезиум, манган, калиум и железо.
Чајот од босилек има навистина многу лековити дејства, а најважни се:
– против болки во мускулите
– превенција на болести на органите за варење
– кај болести на бубрезите, мочниот меур и кај проблеми со мокрењето
– против несоница и хроничен умор
– кај настинки, грип, бронхитис, астма
– кај проблеми со кожните болести
– спречува разни инфекции
Чај од босилек за кашлица
Чајот од босилек е одличен во лекување на болести на дишните органи, кашлица и исфрлање слуз. Воспаленијата на дишните органи доведува до кашлица која често знае да биде упорна и непријатна.
Чајот од босилек ги чисти бронхиите и помага во исфрлањето слуз која ги надразнува дишните канали. Чајот од овој зачин ја смирува кашлицата и постепено, со редовно користење, доаѓа до нејзино престанување.
Чај од босилек за синуси – инхалација
Повеќето луѓе често имаат проблеми со кивање, болни синуси и запушен нос, без разлика дали станува за алергиска реакција или некој воспалителен процес.
Чајот од босилек успешно се применува за инхалација, и тоа на следниот начин:
Ставете 2 супени лажици сушен босилек во 1 литар зовриена вода и оставете 5 минути да отстои поклопено. По тоа, почнете да се инхалирате така што ќе го ставите лицето во положба над садот со чај. Прекријте ја главата со крпа и длабоко дишете.
Постапката можете да ја повторите 2 пати во текот на денот.
извор:точка.ком.мк