Жељко е роден во Мостар, а пред да стане познат долго време пееше исклучиво во родниот град, без преголема желба да пее на друго место.
Ги изведуваше главно песните на Кемал Монтен и учествуваше на разни фестивали, но без забележителен успех.
По избувнувањето на војната, тој се преселил во Белград и почнал да настапува по баровите и дискотеките во главниот град на Србија, а првиот албум го снимил со Марина Туцаковиќ и Александар Фут Радуловиќ.
Оттогаш неговата кариера е на нагорна линија, а многу од песните што ги сними станала хитови. Само некои од нив се „Грлица“, „Боже, спаси ја таа жена“, „Имам чувство“, „Се мое е твое“, „Да не сум“, „Добар ден, тага“, „Ме имаш до ушите“, „Окови“, „Само небото е над нас“ и други.
Жељко вчера го објави роденденско изненадување на Инстаграм.
View this post on Instagram
Станува збор за мезе за овошје и зеленчук, шампањ и тркалезна торта на која е насликана гитара и пијано. На тортата беа испишани и имињата на некои од најголемите хитови на Самарџиќ.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Ж.Самарџиќ