Добрата забава, релативно ниските цени, одличната храна и лежерноста што владее со градот се она што ја одликува Будимпешта. Оваа дестинација нуди за секого по нешто.
Во самиот центар на градот се наоѓа еден од најпознатите клубови, Шимпла Керт. Без разлика дали сте на еднодневна посета или сте ја избрале Будимпешта како ваша повеќедневна дестинација, овој клуб е задолжително место за посета.
View this post on Instagram
Ако можеме да се потпреме на Trip Advisor, кој го смести овој клуб меѓу 20-те најдобри за ‘Ноќен живот во Будимпешта’, тогаш бидете сигурни дека нема да ви биде здодевно.
Клубот се наоѓа на улицата Казинчи, попозната како Улица култура, каде што има многу ресторани и други клубови. Клубот нуди добра храна и, пред сè, широк избор на пијалоци, особено пиво.
View this post on Instagram
Но, она што го прави толку уникатен е фактот што се наоѓа во стара фабрика, а внатрешноста е сè само не обична. И додека едни би рекле дека на ѕидовите има само ѓубре, други ќе речат дека сè е средено во совршена хармонија, чиста уметност.
View this post on Instagram
Скелети кои висат на таванот, стари саксии, маски на ѕидовите, свеќи и многу други работи се користеле за да се „освежи“ внатрешноста на фабриката. Во еден дел од клубот има дури и стар Трабант во кој можете да седите и да пиете пиво.
View this post on Instagram
Покрај широката палета на пијалоци, клубот е познат и по тоа што нуди широк асортиман на тутун за наргиле, кое исто така можете да го пушите во клубот.
Каде и да се свртите ќе видите страсни пушачи кои уживаат во опојниот чад од наргиле во срцето на Унгарија. Некои ќе речат дека Турците никогаш не ја освоиле Будимпешта, но нивното наргиле го направи тоа. Атмосферата во клубот кога ќе падне мрак е тешко да се опише со зборови. Овде има посебна магија која едноставно ве тера да се забавувате и да запознавате луѓе од целиот свет.
Значи, да заклучиме, каде да се напиете добро пиво во Будимпешта? Во Szimpla Kert.