По долгата едномесечна турнеја низ Австралија, Сузана Гавазова се врати на домашен терен во родната Струмица.
Турнејата беше полнење на професионалните аспирации, но и полнење на паричникот пред свадбената сезона од која повторно ќе продолжи со настапи под полна пареа.
За убавите спомени и доживувања преку песни и ора, Сузе пред полетување им се заблагодари на нашинците таму и им порача:
„Секогаш ќе ве носам во срце дрги Македонци и ви благодарам за се’“- пишува во кусото видео кое осамна на нејзините „стори“ на Инстаграм кои постојано се редеа едно по друго.
Патувањето до дома од далечниот континент беше долго и исцрпувачко, но она што постојано и беше во мислите и срцето, беа нејзините најмили и најсакани, ќерките Селена и Емили кои веројатно ги чувааше баба или тета додека мама и тато не беа дома.
Периодот од кој беа разделени не беше кус, па затоа кога се пречекаа на домашниот праг, дуплата прегратка топеше срце и душа.
Солзи на очите од убаво и неописливо чувство кое може да го има мајка со нејзините малечки.
Веруваме дека радоста кај малите принцези продолжила кога мама ги отвори подароците кои им ги донесе од Австралија, а тие ги чекаа. Емотивниот момент се најде и на кусо видео кое Сузе го сподели јавно и ги разнежни следбениците, а особено мајките.
фото/видео: Инстаграм принтскрин/Сузана гавазова