Радио Милева последен поздрав

Гавазова се прости од колегата и син на Ферус: „Настапувавме пред некој ден, во еден момент видов како плаче“

Гавазова се прости од колегата и син на Ферус: „Настапувавме пред некој ден, во еден момент видов како плаче“

На неполни три месеци од смртта на легендарниот Ферус Мустафов во медиумите одекна веста дека вчера ненадејно починал неговиот син Илми Мустафов. Во објавите беше наведено дека Илими починал по кратко боледување и никој не насетувал дека ваков трагичен кај може да се случи.

Илми беше ценет музичар и сакан колега, познат како добар инструменталист кој ја продолжи музичката традиција на Мустафови свирејќи саксафон и кларинет. Сузана Гавазова меѓу повеќето колеги кои се простија од Илими напиша статус во кој откри дека неколку дена пред да почине имале заднички настап на приватна веселба во Дебар.

-Илми Мустафов,синот од нашата легенда и крал на саксафон Ферус Мустафов почина синоќа, си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца,болка и тага. Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со Огнени момчињја и Илми..беше се нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи, само во еден момент видов како Илми плаче, но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко,но ти Илми си замина прерано. Ќе ни недостигасш многу. Почивај во мир пријателе, напиша Гавазова споделувајќи и заедничка фотографија од тој ден.

Илми Мустафов беше член на групата „Огнени момчиња“, а во тридецениска кариера има снимено многу ора и чочеци.

Според последните инфрмации погребот ќе се одржи денес, 17-ти август.

фото:Fejsbuk

To top