Сакале или не, полека почнавме да се навикнуваме на новите правила на живот што ни ги наметна корона пандемијата. Седи дома, не излегувај, одржувај хигиена и прави се што треба. Оние што можат да работат и одо дома, го прават тоа, но повеќето мораат да си најдат неакаков начин како да си го олеснат животот во четири ѕида и да си го направат, поедноставен, покомотен, позабавен.
Естрадата е една од оние кои по силата на нештата е „на принуден одмор“, па затоа од дома по пат на живи вклучувања, онлајн или со снимени видеа се обидуваат пеејќи ем да ја одржат формата, ем со нивната песна малку да го развеселат народот во овие тешки денови. И сето тоа преку социјалните мрежи, кои станаа главно средство за комунуикација помеѓу луѓето, главен прозорец кон светот, дури поважни и од телевизијата и радиото.
Македонската фолкерка Сузана Гавазова е една од оние која редовно ги практикува онлајн настапите од карантинот и со својот репертоар на песни и својот глас и интерпретација ја забавува целата нација, олеснувајќи му го на народот, животот во изолација.
Нејзините онлјан концерти веќе станаа навика, па однапред закажани со душа се чекаат. Ем се бесплатни, ем се мелем за душата во овие тешки времиња кои ова ни го сторија и дома не затворија.
Но, Гавазова не е само естрадна фолк ѕвезда, туку и одана и посветена мајка на две прекрасни дечиња, две русокоси куклички, нејзините ќеркички Емили (6) и Селена (5).
„Генот е наследен, крушата под круша паѓа, крвта не е вода“… Народни кованици, кои се употребуваат кога некој од своите родители ќе наследи некоја особина? Во случајов – талентот. И тоа оној на мама Сузана за пеење, кој токму го наследиле нејзините две малечки убавици.
Дека е тоа така, Емили и Селена покажаа пред целата јавност. Можеби за песните на мама е рано, ама затоа за песничките од нивната возраст се тата-мата. Тие двете пред камерата и Гавазова заедно со нив и… новото женско вокално трио е тука.
Семејна хармонија која звучи како симфонија, иако е само детска песничка која открива многу. Зашто тоа не обична симфонија, туку вистинска ода на радоста, љубовта, семејната среќа, безгрижната детска игра и насмевки…
А во настапот на двете мали и големата убавица, Емили и Селена покажаа дека Гавазова има не една, туку две достојни замени. Нејзините две куклички пеат без маана, па и го „украдоа шоуто“ во карантинот на мама Сузана!