Појавувањето на важно случување во веќе видена облека, за некои славни личности е кошмар, но не и за Кејт Мидлтон.
Сопругата на принцот Вилијам, Кејт, одамна тоа го докажа за својата омилена облека, која практикува повторно да ја носи и тоа со гордост, а овој пат на доделувањето на наградите Tusk Conservation во Лондон.
Таа се појави во фустанот од дизајнерката Џени Пекам која ја носеше пред шест години. Комплетно истите детали ги носеше во 2012 година како и сега.
Покрај неа принцот Вилијам се појави во класичен костум со лептир и изгледаше елегантно.
За 36 годишната Кејт ова е стара пракса бидејќи досега неколкупати се појави во исто.