Живот и Стил

Фустани за новогодишната ноќ кои ќе можете да ги носите и во други прилики!

Фустани за новогодишната ноќ кои ќе можете да ги носите и во други прилики!

Прославата на Новата година е на врата, па доколку сте се одлучиле за свечен пречек, време е дамите да размислат за фустани за таа пригода. Вечерните, долгите тоалети се главно прилично скапи, па често имаме впечаток дека купувањето ваква облека за „специјални прилики“ е џабе пари.

Повеќе би сакале да одвоиме за нешто попрактично што можеме да го носиме и во други прилики.

Ви носиме четири модели на фустани во кои ќе изгледате гламурозно на новогодишната ноќ, а кои подоцна можете да ги носите во различни ситуации.

1. Ненадмината црвена боја

Во црвен прав фустан кој ја следи линијата на телото, нема да останете незабележани ниту во најлудата ноќ. Доколку го комплетирате со црни салонки и торбичка со писмо, вашата елеганција ќе ги засени присутните.

2. Црн фустан со раб

Црниот мал фустан е незаменливо парче во гардеробата на секоја дама. Со дискретна црно-бела граница на струкот и краевите на ракавите до лактите, фустанот ќе изгледа сосема поинаку. Со него нема да ви треба претерано впечатлив накит, бидејќи фустанот е веќе привлечен благодарение на оригиналните детали.

3. Смарагд зелена

Ако ви е важно да изгледате посебно и различно, одлучете се за фустан со крој на половината во смарагдно зелена боја. Украсете го овој едноставен фустан со два длабоки набори, кој можете да ги носите по Нова година во секоја пригода, па дури и на работа, со дискретен брош за да изгледа поелегантно и романтично.

4. Бела елеганција

Бел, едноставен фустан од лесен материјал со прави ракави собрани на краевите, ќе ви даде нежен и заводлив изглед на новогодишната ноќ. За да изгледа попривлечно, надополнете го со салонки во металик нијанси на зелена боја.

извор: попара.мк

To top