Вистинскиот избор на фризура е многу важен. Од фризурата зависи дали ќе изгледате феноменално или 10 години постаро, па затоа е потребно да обрнете внимание на стилизирањето на косата. Пролетта ни се приближува, а во продолжение ќе ви откриеме што ќе биде во тренд кога станува збор за стилизирање на косата. Овие 5 фризури ѝ одговараат на секоја жена и со нив ќе изгледате помладо и посвежо.
Кратка коса
View this post on Instagram
Фризерите се едногласни дека пократката коса изгледа многу подобро кај повозрасните жени, па затоа фризурата боб е одличен избор.
Плетенки
View this post on Instagram
Без разлика колку години имате, плетенките се секогаш добар избор. Ваквите фризури сигурно ќе ве подмладат.
Морски бранови
View this post on Instagram
Брановите во косата се многу популарни, а нивната моќ за подмладување на лицето е едноставно неверојатна.
Опуштено коњско опавче
View this post on Instagram
Со оваа фризура во бохо стил не само што ќе изгледате посвежо, туку и на секој стајлинг ќе му дадете доза на елеганција.
Неуредна пунџа
View this post on Instagram
Со години е на врвот на листата на најпосакувани фризури, но тоа не е изненадување бидејќи совршено им одговара на сите жени и се прави многу брзо.
извор: кафепауза