Живот и Стил

Фритата од тиквички посипана со пармезан: Италијанско јадење за 15 минути, послужете ја топла со кисело млеко

Фритата од тиквички посипана со пармезан: Италијанско јадење за 15 минути, послужете ја топла со кисело млеко

Ако сакате тиквички во различни сорти, тогаш оваа комбинација сигурно ќе ве воодушеви. Тиквичките најчесто се пржат или прават мусака, а сега ви пренесуваме рецепт за француски омлет. Совршениот спој на вкусови е направен од тиквички, сирење и јајца кои се спојуваат во рерната, ослободуваат сок и прават да добиете лесен, здрав, но и исклучително вкусен оброк. Направете сочна и ароматична фритата, печете ја во рерна и послужете со јогурт или кисело млеко. Најдобро е да се јаде додека е уште топла!

Состојки:

3 тиквички
4 чешниња лук
7 јајца
4 супени лажици растително масло
150 гр пармезан сирење
1 кромид
2 лажици босилек

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а тиквичките исечкајте ги на тенки прстени. На две лажици растително масло пропржете го кромидот, а потоа додадете ги лукот и тиквичките – сè динстајте уште 3 до 5 минути. Изматете ги јајцата со сечканиот босилек и половина од ренданиот пармезан. Со оваа смеса прелијте ги тиквичките. Сето тоа се става во огноотпорен сад за печење, намачкан со преостанатото масло, а одозгора се посипува пармезан. Печете 10-15 минути на 200 степени.Уживајте!

Извор: Курир.мк

To top