Францускиот твист или француска вртена пунџа не е на листата на наједноставни фризури. Барем така мислевме додека на TikTok не се појави видео во кое се објаснува како многу брзо и лесно се прави оваа фризура, која на многумина им е омилен избор за поформални пригоди и церемонии како што се свадби.
Корисникот на TikToka @emilymholland е заслужен за едноставен, „чекор-по-чекор“ водич за правење француска пунџа што ви одзема само една минута.
„Ќе ве воодушевам со овој трик“, рече таа на почетокот на видеото, а потоа почна да ја стилизира фризурата.
Косата на почетокот ја врзa во реп, но кога за последен пат ја провлече низ ластикот, не ја повлече до крај за да создаде полу пунџа.
Потоа полека ја извлече косата на горниот дел од главата од гумената лента за да додаде волумен.
Потоа го врза работ на опашката со ластик и го преклопи остатокот од косата преку полу-пунџата и ја прицврсти со штипки. И тоа е тоа.
Секој чекор ќе ви биде јасен откако ќе го погледнете видеото подолу, а доколку наскоро имате патување на свадба или некоја друга церемонија, можеби оваа фризура ќе биде ваш избор.
@emilymholland #easyhairstyle #simplehairstyle #hairhac #hairstylehac #hairtrick #updo #updotutorial #frenchtwist #hairstyles #weddinghair ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show