Мегафон

„Фрајле“ со концерт во „Хераклеа“

„Фрајле“ со концерт во „Хераклеа“

Крајот на концертната сезона во Битола ќе го означи концертот на женското трио „Фрајле“, закажан на 6-ти септември, вторник, во „Хераклеа“.  „Фрајле“ ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.

Трите дами: Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки. Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 6-ти изненадат со некоја нова преработка на позната песна. Влезниците можат да се набават во Brothers Tobacco на Широк Сокак, Хотел Милениум и online на www.kupikarta.com

To top