Радио Милева спомени од детството

Фотографија стара 40 години: Ова девојченце денес е една од најубавите и најпознатите македонски водителки (фото)

Фотографија стара 40 години: Ова девојченце денес е една од најубавите и најпознатите македонски водителки (фото)

Таа е препознатлива по својата смиреност и нежен сензибилитет и речиси 30 години е препознатливо лице од телевизијата.

Иако како девојка била срамежлива и не мислела дека ќе биде некогаш пред камера, денес не може да замисли да не ја работи оваа професија. Емисијата што денес ја води е поврзана со теми од здравството, а од пред извесен период направи и трансфер од Канал 5 во 24 телевизија.

Дали можеби веќе погодувате за кого станува збор?

 

Ова малечно и слатко девојчеце е убавата водителка Билјана Дебарлива која на својот Фејсбук профил објави фотографија од своето детство, присетувајќи се на Лазарова сабота од пред 40-тина години.

-Кога ќе се сетиш дека во подзаборавениот албум од детството имаш убав спомен од пред 40-тина години. Лазарова сабота, убав ден, празник, кога како дете, секоја година во родното село на мајка ми, Велгошти, бев дел од традиција во пресрет на Цветници., пишува Биле во описот на фотографијата.

Цвеќе во рачињата, насмевка на лицето и уште послатка во традиционалната македонска носија.

Ианаку, Билјана Дебарлиева е родум од Охрид, градот кој редовно го посетува,особено во летниот период. Дебарлиева пред неколку месеци го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.

фото:Фејсбук/Билјана дебарлиева

To top