Таа важи за една од најзгодните македонски водителки, а ваквата титула ја оправдува со својата манекенска линија која ја држи години наназад.
Марјана Станојковска освен тоа што секоја среда и сабота пред камерите е заедно со играчите на Ново лото, таа исто така освен во студио, задолжена е и теренски да биде со среќните добитници на луксузен џип.
Па така, деновиве водителката отпатува до Гевгелија за да се сретне со среќните добитници.
А таму, не знаеш кој е повзбудлив, автомобилот или авионот од жена која доаѓа да го додели.
Предавањето на клучевите е свечен момент, затоа и секси Марјана беше дотерана во зелен коктел фустан во кој изгледаше женствено и сензуално, а пак шлицот дополнително допринесе да биде „џамбо-џет“, па дури и да го засени и впечатливиот автомобил.