Фолк пејачката Сузана Гавазова е во период кога турбо работи на својата музичка кариера.
Откако се појави на „Роза фест“ во бомбастично издание, таа не сопира. Деновиве преку социјалните мрежи најави дека подготвува нова фотосесија за своите обожаватели, а откако делумно откри какво секси издание може да се очекува, денес целосно го откри снименото, а има што да се види.
Неодамна ја објави својата нова песна „Опасна за око“, а по насловот на песната реши постојано да биде опасна за окото на публиката.
Па така, на својот Инстаграм објави дел од фотосесијата каде позира во црно танга боди, а под него мрежа хулахопки кои дополнително го нагласија нејзиниот раскошен задник.
Пред крајот на 2017 година Сузе засили со провокација, а како ќе ја почне новата, останува да видиме…