Годините се само бројка, па воопшто не е важно колку полните за да го обележите вашиот најпосебен ден во годината.
Фолк пејачката Татјана Лазаревска, деновиве наполни 40 години и по тој повод реши да организира роденденска забава и тоа по теркот на најновите трендови.
Бидејќи веќе неколку години живее во Австралија заедно со сопругот Новица и двајцата синови, Тања веќе функционира во духот на земјата каде живее, па би било штета и таа да не направи роденден како што налагаат денешните модерни тенденции.
За таа прилика, Татјана се одлучи темата на забавата да биде целосно во бела боја, а не само тортата и декорациите, туку и таа облече бел коктел фустан од кој за момент би помислиле дека прославува годишнина од брак или дека ги обновува брачните завети.
Сепак, за вкусови не се дискутира, а пејачката за својата 40-ка блесна во светло какво што замислила и посакувала.
Инаку, Новица и Татјана за разлика од нас, периодов уживаат во летото, топлото сонце и песочните плажи.