Ако сте го гледале „Господарот на прстените” и мечтаете да престојувате во шармантна хобитска куќа како онаа на Билбо Багинс, сега вашата фантазија може да стане реалност. „Хобит Хаус” гради нарачани “Хобитски куќи”, кои изгледаат како фантастичните бајковити куќарки од Баг Енд.
Тие се целосно еколошки и се градат како додаток на вашиот главен дом. Создадени се како флексибилен простор кој може да се адаптира по ваша желба, од место за забава во вашата градина, до чудесна канцеларија или пак можеби ваш личен простор каде би се повлекле да се релаксирате после напорниот ден.
„Хобит Хаус” е основана од пожарникар по име Мет Рајт. Со седиште во Велика Британија, тој користи издржливи, рециклирани материјали за изградба на овие специјални простори. Тие можат да се инсталираат без никаква основа (што значи дека нема потреба од бетон), а зградата користи рециклирана отпадна пластика за да формира полиетилен со висока густина. За внатрешноста, малите куќарки можат да се поврзат со струја и да се наместат цефки за вода ако е тоа потребно – совршено ако сакате да го користите за издавање или за гости кои дефинитивно ќе имаат единствен престој.
Надворешноста на дизајните на „Хобит Хаус” ги има карактеристиките кои ги прават речиси исти на оние од филмовите. Една од највпечатливите карактеристики е кружната дрвена врата; во еден од дизајните, компанијата вклучуваше кружни прозорци како што ќе најдете на брод, додека друга има декоративен, мотив на предната страна. За уште повеќе да се долови фантазијата дека сте во вистинска хобитска куќа, компанијата има вистински тревни покриви, што ефикасно ја зголемуваат вашата целокупна градина.
Цените за основните хобитски куќи започнуваат од 7.000 фунти (околу 9.840 долари). Ако сакате да ја имате куќата во која живееше Билбо во Баг Енд, тоа ќе ве чини значително повеќе односно 50.000 фунти (околу 70.000 долари).