Живот и Стил

(ФОТО) Вака изгледа најскапиот хотелски апартман во светот!

(ФОТО) Вака изгледа најскапиот хотелски апартман во светот!

Апартманот брои 12 спални соби, ист број на тоалети опремени со козметички препарати потпишани од луксузниот бренд Хермес. Ројал Пентхаус апартманот е во склоп на хотелот President Wilson со 5 ѕвезди, кој се наоѓа покрај езерото во Женева во Швајцарија. Ви го претставуваме најскапиот хотелски апартман на светот.

За едно ноќевање морате да платите 80.000 американски долари. Не е ни чудо што токму во овој хотел гости биле Бил Гејтс, Ричард Брансон и Ријана. Кралскиот апартман се наоѓа на осмиот кат од хотелот, а се простира на 1680 метри квадратни, па не само што е најскапиот апартман туку е и најголемиот хотелски апартман во Европа.

Со 12 спални соби и тоалети, постои и џакузи, трпезарија, приватна теретана и прекрасна тераса со спектакуларен поглед кон езерото. За време на нивниот престој, милјардерите можат да се забавуваат играјќи билијард, да свират на клавир и уште многу други активности. Сета таа опрема е брендирана.

Гостите на располагање го имаат и личниот шеф од кујната, батлер, возач и обезбедување.

Целиот апартман е дизајниран според потребите на славните, односно посебен акцент е ставен на безбедноста. Прозорите се направени од стакло кое не пробива и поставен е аларам во случај на опасност.

извор:точка.мк
To top