Радио Милева

(ФОТО) Уште една наша пејачка се пофали со својата матурантка: Нејзината Стефи е поразлична од сите!

(ФОТО) Уште една наша пејачка се пофали со својата матурантка: Нејзината Стефи е поразлична од сите!

За секоја мајка чедото секогаш ќе остане дете, без оглед на годините. Но, кога доаѓаат некои значајни моменти како родендени, матури, свадби, тогаш емоциите се на посебно ниво.

Токму еден таков момент дочека и фолк пејачката Ани Малинкова која ја израсна својата ќерка Стефи до полнолетна девојка која го заврши средното образование и е на пат кон една нова страница од животот.

Малинкова е меѓу оние познати личности што не ги експонира ќерките во јавност, но овој пат реши да направи исклучок и да ја покаже својата гордост- матурантката Стефи.

Наместо фустан како принцеза и строга фризура, Стефи очигледно се држи до својот стилски индивидуализам без многу претерување во изгледот.

Малинкови се собраа да прослават на овој ден, а таму беше и тета Наташа заедно со ќерките и сопругот Ќире кој имено е братот на Ани.

фото:фесјбук

To top