Дина Стујарт од Австралија стана популарна поради својот неверојатно младешки изглед, иако има 47 години, четири деца и една внука.
Оваа „баба“ ја освои титулата „Мис Максим“, иако против неа се натпреваруваа дупло помлади девојки. Дина е самохрана мајка на четири деца, а од кои едното има четири години.
Исто така, таа има и десетгодишна внука. Таа тврди дека единствено имала само операција на градите, а никогаш не користела ботокс и филери.
-Немам тајни за својот изглед. Мислам дека сите се убави. Не учествував на мис поради внимание, само сакам да ги инспирирам жените да не се осудуваат меѓусебно. Животот е прекраток за осуда. Прифатете ги годините и своите облини, тоа никогаш не убило никого, порачува Дина.