Меган Маркл, свршеницата на принцот Хари се повеќе е во фокусот на јавноста иако и претходно беше позната личност.
Овој пат актерката и идна принцеза го привлече вниманието со креација на познатиот македонски дизајнер кој живее во Австралија, Тони Матичевски, а досега во негови креации прошетаа многу светски познати личности.
Станува збор за бело здолниште од колекцијата пролет 2016 година, а во кое Меган се појавува на насловната страна на декемвриското издание на францускиот моден магазин „Ел“.
Она што го привлече вниманието на странските медиуми пак, е тоа што на фотографијата пегите на лицето на Меган воопшто ги нема. Актерката претходно за магазинот „Алур“, изјави како медиумите често ја избелуваат, што и пречи бидејќи таа не се срами од своето афроамериканско потекло.
Уште поинтересно е што фотографијата од насловната, како и дел од оние внатре се од едиторијал направен со Меган, првично објавен во 2015 година за „Gritty Pretty Magazine“, а потоа дел се искористени и за јунското издание на мексиканскиот „Венити Фер“ .