Додека едни слават годишнина од матура и се сеќаваат на времето кога испаднале од средношколските клупи, за тазе полнолетните млади, периодов е токму тоа време, матурата на која ќе се сеќаваат и ќе ја споменуваат целиот живот.
Дел од нашите познати личности кои се родители на матуранти, не можеа, а да не се пофалат со своите наследници кои пред себе почнуваат една нова етапа од животот.
И писателката, музичар и водителка Сузана Турунџиева ја израсна ќерката Лора која оваа година слави матура.
Епа и во моето племе имаме матурантка! Лора – нека нема пречка која ќе може да те спречи! Нека има сонце на твоето небо… Go girl!!! Прегрни го животот со сите негови убавини и живеј го својот сон, и посака мама Сузе на својата наследничка.
Едноставна во црн минималистички изглед, Лора ја нагласи својата убавина, без нападна шминка и ноншалантно собрана фризура.
Гордата мајка собра стотици допаѓања и низа од честитки кои и посакаа на Лора смело да чекори и понатаму во животот.